
Web апликација за мерење на јачина на звук
Со цел подобрување на добросостојбата и менталното здравје на учениците, Ученичкиот парламент предводен од ученикот Јован Давков од IX одделение изработи web апликација. Истата има за цел да им овозможи на учениците и наставниците да ја измерат јачината на звукот во децибели. Нивното идејно решение се движеше во насока не само да се заштитиме од јачината на звукот, туку како со помош на предлог музика, дел од апликацијата да поттикнат добросостојба, спокој, хармонија кај секој еден што ќе ја користи апликацијата.

Училишен весник
Поттик од многубројните активности, како дел од Еразмус+, а целина од наставната и воннаставната реализиација на воспитно-образовниот процес во ООУ „Невена Георгиева - Дуња“ произлезе иницијатива за креирање на месечен весник. Истиот континуирано ќе ги следи целината на воспитно-образовните и Еразмус+ цели. Весникот сам по себе ќе има за цел да поттикнува и мотивира, наградува и информира за активности дел од целите на Акредитацијата на училиштето. Современи иновативни стратегии, техники, форми на работа, имплементирани во наставните и воннаставните активности во духот на добросостојба, грижа за здравјето на земјината топка, размена на добри практики во континуиран процес на дигитализација, воедно подигнување на компетенциите за медиумска писменост.
