

Истражувања и анализи
Истражување на интернационално ниво на тема: „Хоризонтално учење - професионален развој на наставниците“.
Како дел од професионалните обврски, но и како потреба за правилно професионално насочување на наставниот кадар во училиштето, со цел квалитетно, транспарентно, професионално надрадување на компетенциите, произлезе истражување на тема: „Хоризонтално учење – професионален развој на наставниците“. Воедно истото е како продукт од воспоставена соработка на наставен кадар од Европа преку Еразмус програмата. Истражувањето е реализирано во соработка со Институтот за Педагогија и е дел од Интернационална научна конференција.
Истражување на училишно ниво – ученици:
ИЗВЕШТАЈ
За спроведено истражување на тема: „Какво влијание има Ковид-19 врз учениците“
Во ООУ “Невена Георгиева-Дуња”- Скопје, во текот на месец март во учебната 2021/2022 година беше спроведено истражување со цел да се анализира влијанието од вирусот Ковид-19 врз учениците и последиците од истиот.
Истражувањето беше спроведено во училиштето помеѓу учениците од прво до трето одделение во кое активно учествуваа 197 ученици (ученици од прво до трето одделение) на возраст од 6 до 8 години.
Истражувањето беше спроведено со цел да се утврди какво влијание врз учениците има состојбата со Ковид -19 вирусот, со оглед дека со оваа состојба се соочуваме веќе повеќе од две години и која состојба го промени животот на секој од нас.
Учениците преку своите сопствени доживувања требаше преку цртеж, збор или реченица да ги искажат чувствата кои ги доживуваат соочувајќи се со Ковид пандемијата.
Притоа, тие на свој сопствен начин ги искажаа чувствата кои тие ги чувствуваат како:
- страв - сакам да го гушкам другарчето
- несреќен - сакам да се дружам
- сакам да одам во игротека - се грижам за мама и тато
- сакам да одам на училиште - се плашам
- сакам да одам на тренинг - сакам да славам роденден
- не сакам да бидам сам - тага
- сакам да ја гушнам наставничката
- не сакам да си играм со другарите држејќи растојание










Истражување на училишно ниво – наставници:
ИЗВЕШТАЈ
За спроведено истражување на тема:
Какво влијание има Ковид-19 врз наставниците
Во ООУ “Невена Георгиева-Дуња”- Скопје, во текот на месец април во учебната 2021/2022 година беше спроведено истражување со цел да се анализира влијанието од вирусот Ковид-19 врз наставниците и последиците од истиот.
Истражувањето беше спроведено во училиштето помеѓу наставниците во кое активно учествуваа 27 наставници на возраст од 27 до 64 години.
Истражувањето беше спроведено со цел да се утврди какво влијание врз наставниците има Ковид -19, со оглед дека со оваа состојба се соочуваме веќе повеќе од две години и истата го промени животот на секој од нас.
Наставниците преку своите сопствени доживувања требаше преку одговарање на прашања од анкетен прашалник, да ги искажат чувствата кои ги доживуваат соочувајќи се со Ковид пандемијата.
На прашањето:
1. Какви чувства предизвика кај Вас Ковид пандемијата? 55.6% или 15 испитаници одговориле страв,40.7% или 11 испитаници одговориле осаменост и 3.7% или 1 испитаник одговорил депресија.
2.Што Ви недостигаше за време на изолацијата? 74.1% или 20 испитаници одговориле дружба,14.8% или 4 испитаници одговориле семејство и 11.1% или 3 испитаници одговориле разговор.
3.Какви последици остави Ковид пандемијата? 66.7% или 18 испитаници одговориле загриженост,14.8% или 4 испитаници одговориле страв,11.1% или 3 испитаници одговориле несигурност и 7.4% или 2 испитаника одговориле растројство.